Веднаш по почетокот на пандемијата утврдено е дека мажите се изложени на поголем ризик од заразување со вирусот на корона. Постојат бројни теории зошто е тоа, а најверојатна причина е машкиот хормон тестостерон.
Постарите мажи со хронични заболувања се со најголем ризик, а причината за тоа лежи во тоа што мажите со срцеви проблеми имаат поголема количина на ензим во крвта, што овозможува вирусот корона да навлезе во здравите клетки.
А сега доаѓаат уште по неповолни вести. Студиите покажуваат дека вирусот корона има негативно влијание врз плодноста кај мажите преку активирање на промени во клетките што создаваат сперма во тестисите. Овој вирус може да ги „оштети“ тестисите, дури и ако не ги инфицира директно, укажува на ова новото истражување.
Истражувачите од универзитетот Tafts и Медицинскиот колеџ „ Gondži“ во Кина откриле дека има многу малку докази за присуство на вирусот во тестисите кај мажите, но тие откриле промени кои можат да му наштетат на плодноста. Најмногу драстични промени кај мажите заразени со корона биле откриени во семиниферните тубули во кои се произведува сперма, која „се растегнала“ и деформирала. Иако пациентите во текот на третманот имале нормално производство на сперма, научниците се загрижени дека оваа штета може да доведе до намалување или дури и целосно прекинување на производството на сперма.
Познато е дека короната се пренесува со капки, а научниците сè уште истражуваат дали може да се пренесе сексуално. Досега, студиите не го пронашле вирусот во сперма или вагинална течност, но затоа што некои клетки во тестисите ги имаат истите ACE2 рецептори, што му овозможуваат на вирусот да ги напаѓа клетките на белите дробови, па поради што мажите се предупредени да не донираат сперма. Некои студии дури сугерираат дека овие рецептори можат да создадат “резервоари” на коронавирус во тестисите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.