Гебрејесус

Вирусот има потенцијал на пандемија, сега не е време за страв, време е за преземање акции

Здравје 27.02.2020 / 18:03

Епидемијата на новиот коронавирус ја достигна „клучната точка“, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адан Гебрејесус и ги повика сите земји во светот да ги зголемат своите напори со цел ефикасно спречување на ширење на вирусот.

Вирусот има потенцијал на пандемија. Сега не е време за страв,  сега е време за преземање акции како да се спречи инфекцијата и да се спасат животи, рече Гебрејесус.

Претставници на СЗО посочија дека соработуваат со организаторите на Олимписките игри во Токио и истакнаа дека не веруваат дека наскоро ќе биде донесена одлука за одржување на игрите, што треба да почнат кон крајот на јули годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.