Вирусот е сè уште силен, да се воздржиме од куќни и од новогодишни слави, зашто сигурен сум дека догодина најнормално ќе си ја славиме Нова Година, изјави министерот за здравство Венко Филипче кој денеска информираше дека државата обезбедила 833 илјади вакцини против ковид-19 за 400 илјади граѓани.

Децата не се предвидени за вакцинирање.

Филипче кажа дека целта, според медицинските експерти, е 60 до 70 проценти од популацијата да ја прими вакцината, што би било доволен процент за стекнување имунитет.

Набавната цена на вакцината што ќе ја плати државата, а граѓаните не, е 10 долари за доза.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.