Весна Алексовска, претседателка на здружението „Живот со предизвици“ преку социјалните мрежи му пиша на министерот за здравство Венко Филипче:
Добар ден Министерство за здравство, Министер Венко Филипче, пак јас. Од една страна не ги ослободувате ретките болести и ретките родители, нема како да набават лекови тие што од странство ги добивале…
Еве сега и пациенти на инфузија им рекле да не доаѓаат четири недели да прескокнат некоја терапија, ко пиво да е во кафана. Ние знаеме дека не е. Најблиску Словенија и Хрватска пациенти имаат избор инфузија сами да си стават дома или сестра да дојде, за останатите Европски држави нема ни да почнам да кажувам.
Не може само со Корона да сe занимава цел здравствен систем. Има и други пациенти. Веројатно им е најтешко на хроничните, на дожовотните,… Навикнати системот да им вика дека се скапи, дека доста им е.. Епа не е.. И ние сме луѓе господине… И ние… И покрај сите понижувања.. Уште сме луѓе кои нема да се откажат..
Добар ден Министерство за здравство, Министер Venko Filipce, пак јас. Од една страна не ги ослободувате ретките болести…
Posted by Vesna Aleksovska on Friday, 10 April 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.