Децата членови на ФА „Бисери“ и хорчето „Весели бисерчиња“, дуото Блек Мун кое го сочинуваат Мила Тренеска и Билјана Буџоска, под раководство на уметничкиот раководител Татјана Узуноска Тренеска ја снимија песната „Ретка песна“, чиј автор, музика и текст е на Тренеска во знак на поддршка на лицата болни од ретки болести.
Во тек е националната кампања „Ги запознаваме ретките болсти 2021“, а цел Охрид блеска во боите на ретките болести со илуминацијата на значајните историски споменици и објекти чии фотографии го обиколија светот.
Секогаш се трудиме да сме дел од хуманитарни настани, со цел децата покрај игра и песна да ги запознаат вистинските вредности во животот, почит, сочувство, еднаквост меѓу луѓето. Спонтано, инспирирана од кампањата за ретки болести се роди песничката. Веќе четврта година вредно работиме во одржување и изучувањето на традицијата. По четврти пат сме вклучени во кампањата за ретки болести, а оваа година спонтано, со посебна инспирација, се роди песна, која ги израдува дечињата членови на хорчето „Весели бисерчиња“, оркестарот и пејачката група. Се почувствувавме среќни и горди, што и ние ќе дадеме еден мал придонес за децата со ретки болести. Аранжманот за „Ретка песна“ е на Јовица Карали, а во оваа прилика би ги поздравила луѓето кои на било каков начин ме поддржаа во остварување на овој проект. Тоа се пред се’ родителите на децата, членови на ФА „Бисери“ и хорчето „Весели бисерчиња“, Мила Тренеска и Биљана Буџоска од дуото Black Moon, Гордана Лолеска, жената борец и носител на оваа кампања, Ка 2 Продукција, Јовица Карали, Ин Тв, Ване Петкоски и други, вели Тренеска.
На почетокот на месец февруари беше одбележан стартот на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, која оваа година ја бележи третата сезона. Со нови 28 ретки дијагнози во аудио, видео и текстуална форма, во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, и оваа година се запознава јавноста со ретките болести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.