Министерот за здравство Венко Филипче вечерва во емисијата „360 Степени“, зборуваше за траекторијата на движење на пациентката којашто е заболена од коронавирусот.

Нема автохтоно жариште и тоа е добро. Добро е што е ова увезен случај и тоа директно во болница. Практично, пациентката дошла од патување и се упатила во Инфективната клиника, и изолирани се сопатниците од возилото. Непосредно после влегувањето во земјата, пациентката била упатена на Инфективната клиника со фамилијата, очигледно знаејќи дека е болна. Всушност и претходно во Италија се лекувала, не била тестирана за овој специфичен вирус, така да знаела дека треба да се лечи, очигледно дека не се чувствувала добро, и не може да се чувстува добро со тој наод што го има на едната страна на белите дробови. Се направи трактирање на нејзината траекторија на движење од страна на МВР и сосем добро се совпаѓаат времињата во коишто ја поминала границата меѓу Хрватска и Србија, нашата граница тука, сето тоа се совпаѓа со времето во коешто се јавила на клиниката, не оставам тука простор да имало било какви други паузи или да посетувала друго место. Впрочем и самата тоа го кажа, што е добро. Замислете да била на друго место, па да имала контакт со голема маса на луѓе, тоа може да предизвика и други ризици и проблеми, може да предизвика друга голема маса на луѓе да биде ставена на изолација и затоа така и искоментирав. Ова би било едно сценарио коешето најлесно може да го осигураме. Нејзината околина, мал број на луѓе, сопатници, рече Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.