Здравствено регулаторно тело на Велика Британија ги предупреди луѓето кои имаат историја на сериозни алергиски реакции, дека засега не треба да примаат вакцина Фајзер против корона, бидејќи во вторникот две лица имале алергиски реакции, објави денеска Националната здравствена служба (НХС)

Двајца членови на НХС, кои ја примиле вакцината првиот ден од масовната вакцинација во Велика Британија, добиле алергиска реакција.

Затоа, Здравствениот регулаторен орган предупреди дека секој што има посилни алергиски реакции на лекови, храна или вакцини, не треба да прима вакцина Фајзер.

ХНС во Англија ги извести сите точки за вакцинација за ова предупредување.

Ова значи дека секој што е на програмата да прими вакцина денес ќе биде прашан дали претходно имал проблеми со алергиски реакции.

Професорот Стивен Пауис, еден од директорите во NHS за Англија, рече дека „МХРА даде ваков совет како претпазливост, бидејќи две лица добија алергиска реакција во вторникот“.

Тие две лица добро се опоравуваат, додаде тој.

Велика Британија е првата земја во светот што одобри употреба на вакцината „Фејзер“, додека САД сè уште не го сторија тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.