До вчера барем по една доза од вакцините против Ковид-19 примиле вкупно 685.775 граѓани. Вкупно се аплицирани 1.193.218 дози вакцини, а ревакцинирани се 507.443 граѓани,
Прва доза вакцина вчера примиле 10.688 граѓани, а вкупно се вакцинирале 14.554 граѓани.
Со последните бројки 70 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, тој процент кај оние над 65 години е 68, кај лицата над 60 години е 65, а кај населението над 50 години процентот на вакцинирани со барем една доза е 56.
Од Министерството соопштуваат дека граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.