Салмонелата не секогаш мора да се добие преку храна, а почеста е во лето, поради високите температури кои на оваа бактерија ѝ го овозможуваат развојот и ширењето. Обрнете внимание на овие работи да ја спречите заразата.

Салмонелата го сака летото и топлината. Тоа е болест на нечисти раце и може да се шири преку контакт, но може да се појави во термички послабо обработената храна каде што преживува.

Почесто се појавува летно време, бидејќи повисоките температури се во корист на развојот на бактериите во храната. Ако јадете надвор, многу е важно ладната храна секогаш да ја држите ладна, а топлата храна топла.

Тоа значи дека за време на жештините не треба да ја оставате топлата храна надвор ниту дома повеќе од еден час. По овој период веднаш чувајте ја во фрижидер. Ладната храна треба да остане ладна, за да се спречи развојот на бактериите на повисоките температури, па затоа за сите јадења на отворено добро е да се носи мал преносен фрижидер или кеси со контејнери за ладење.

За да спречите развој на салмонела во текот на летото, следете ги овие упатства:

Мијте ги рацете многу често, колку што е можно повеќе
На децата посветете им поголемо внимание, и пред и после јадење измијте им ги рацете, особено ако јадат надвор и претходно си играле. По користење на сурово месо раката секогаш измијте ја со сапун и топла вода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.