Вакцините се квалитетни и безбедни, тврди Клиниката за детски болести во Скопје. Тие ги повикуваат родителите да ги вакцинираат децата.
ЈЗУ Клиниката за детски болести ја поддржува иницијативата за имунизација на децата со МРП вакцина. Од имунолошки апсект е оправдана имунизацијата со што се заштитува детето, но придонесува и за искоренување на болеста – се вели во соопштението.
Морбилите-ситните сипаници можат да предизвикаат сериозни последици по здравјето и животот на заболените.
Ги повикуваме сите родители да ги вакцинираат децата кои се невакцинирани. Вакцините се квалитетни и безбедни, и се единствен начин да се заштити колективниот имунитет – се додава во соопштението на Клиниката за детски болести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.