Новите лабораториски студии покажуваат дека вакцините на Фајзер/Бионтех и на Модерна штитат од нови мутации на коронавирусот, јави Си-Ен-Ен.

Резултатите од студијата објавена во New England Journal of Medicine откриваат дека вакцината на Фајзер за коронавирусот може да ги заштити луѓето од новите мутации на коронавирусот, вклучувајќи ја и јужноафриканската B.1.351.

Студијата е спроведена од истражувачи од Фајзер и Универзитетот во Тексас. Тие тестираа некои од мутациите во сојот Б.1.351. со примероци на крв од 15 лица кои примиле две дози на вакцина како дел од клиничко испитување.

Вакцината обезбедува помалку неутрализирачки антитела, но доволно за справување со вирусот, напишаа авторите во писмо до списанието. Ова е во согласност со други студии. Иако тие не знаат точно какво ниво на заштита обезбедува вакцината, тие веруваат дека ќе обезбеди релативно добра заштита од новата варијанта.

Во анализите не е откриено намалена ефективност на вакцината против британската мутација Б.1.1.7.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.