Фармацевтската компанија „Модерна“ објави дека ефикасноста на нејзината експериментална вакцина против Ковид-19 е дури 94,5 проценти, а информациите се базираат на последната фаза од клиничкото тестирање.
Тоа значи дека од заразата ќе бидат заштитени 945 од секои 1000 луѓе, кои ќе се вакцинираат со оваа вакцина.
Ова е втора компанија што соопшти дека разивала вакцина со висока ефикасност против болеста за само седум дена. Претходно „Фајзер“ пред неколку дена објави дека ефикасноста на нивната вакцина е над 90 проценти.
Освен ефикасноста, друга важна работа што се издвојува кај вакцината на „Модерна“ е тоа што не бара чување на екстремно ниски температури, туку е стабилна на температури од два до осум степени во тек на 30 дена и може да се чува на температура од минус 20 во период од шест месеци.
Вакцината на „Фајзер“ мора да се чува на минус 70, додека руската „Спутник 5“, која има ефикасност од над 92 проценти, може да се чува на минус 18 Целзиусови степени.
„Модерна“ дојде до овие резултати врз основа на тестирање на 30.000 волонтери, а се чека уште американското регулаторно тело за здравство да дозволи употреба на вакцините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.