Комапниите „Фајзер“ и „Бионтек“ соопштија дека нивната вакцина против корона вирусот е безбедна и има ефикасност од 100 проценти кај деца на возраст од 12 до 15 години.
Објавените податоци од студијата значат дека компаниите може да побараат дозвола од американските власти да издадат итно одобрение за ставање во промет во наредните недели.
„Фајзер/Бионтек“ планираат да достават податоци до Управата за храна и лекови во САД што е можно поскоро за да добие дозвола за администрација на вакцината со две дози на оваа возрасната група од 12 до 15 години.
Испитувањата во третата фаза вклучиле 2.260 деца на возраст од 12 до 15 години во САД, а резултатите покажале дека вакцината обезбедува силен имунолошки одговор еден месец по втората доза, надминувајќи ја нејзината ефикасност во споредба со оние на возраст меѓу 16 и 25 години.
Во моментов вакцината се користи само во САД кај постари од 16 години.
„Фајзер“ се надева дека ќе почне со вакцинирање на оваа група пред почетокот на следната учебна година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.