Масовната кампања за вакцинација против Ковид-19 во Велика Британија ја ослабе врската помеѓу заразата со коронавирус и смртниот исход, но сè уште не е прекината целосно, изјави денеска шефот на научното советодавно тело на британската влада.
Питер Хорби, претседател на владиното советодавно тело, за Би-Би-Си изјави дека Велика Британија има „многу помалку хоспитализации“.
На прашањето дали има доволно докази дека вакцините ја прекинале врската помеѓу вирусот и тешките форми на болест и смрт, тој рече:
-Тие сигурно ја ослабнаа таа врска
Првата доза на вакцината ја примиле повеќе од 80 проценти од возрасната популација, а втората повеќе од 60 проценти, покажуваат официјалните податоци.
– Дефинитивно гледаме повисоки стапки на инфекции, но и многу помалку хоспитализации, така што таа врска е навистина многу послаба, што е навистина фантастично, но сè уште не е целосно раскината, рече Хорби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.