В сабота, 29 февруари со почеток во 12 часот на градскиот плоштад во Охрид ке се одржи централниот настан за одбележување на Светскиот ден на ретки болести.

Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови.

Охрид и охриѓани  цел февруари го посветија на лицата со ретки болести се со цел да ја изразаат поддршката и да го свртат вниманието за постоењето на оваа група пациенти.

Под мотото „Многу сме! Силни сме! Горди сме!“ со боење на дланките како симболика за пет отсто од пациентите со ретки болести за кои има лек, но и со многу креативни творби медицински работници, училишта, градинки, спортски клубови, поединци ги преплавија социјалните мрежи со прекрасни фотографии.

Гордана Лолеска, активист на здружението на ретки болести „Живот со предизвици“ и Стефан Каневче, професор во ОСУ „Св. Климент Охридски“ ги повикуваат сите училишта, поединци што сакаат да се придружат на настанот во кој низ песна ќе се подигне свеста за ретките болести.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.