Институтот за јавно здравје спроведува Анкетен прашалник: Увид во однесувањето за КОВИД-19 – со цел да се подобрат дејствијата преземени како одговор на пандемијата на коронавирусот.

Вашите одговори ќе се користат исклучиво за научни цели, за да се подобри реакцијата, односно одговорот на појавата на овој вирус. Податоците ќе бидат зачувани во Институтот и може да се користат за истражувања и теоретски предавања во иднина. Ова е некомерцијална студија и финансирана е од Светската здравствена организација, напиша на својот Фејсбук профил, министерот за здравство Венко Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.