Ѓумбирот е еден од најпопуларните зачини во светот, особено во Азија. Содржи соединение наречено гингерол кое поседува аналгетски и антиканцерогени својства.
Ѓумбирот како додаток во исхраната ја подобрува дигестијата и помага во лекување на настинките.
Еве на кои сè начини делува сокот од ѓумбир:
За имунитет: Aко сте склони на настинки и грип, треба редовно да пиете сок од ѓумбир бидејќи тој позитивно делува на зајакнување на имунитетот. Сокот од ѓумбир го зголемува влијанието на антибиотиците и ја подобрува циркулацијата.
За превенција од тумори: Бројни студии досега потврдија дека ѓумбирот е добар во борбата против туморите, особено туморот на јајници.
За болести на цревата: Ѓумбирот ги ублажува симптомите на иритабилни црева ако се пие во облик на чај или сок.
За превенција од Алцхајмер: Истражувањата покажале дека секојдневната консумација на ѓумбир може да го забави изумирањето на мозочните клетки што е главна причина за Алцхајмерова болест.
За апетит: Ѓумбирот може да го намали апетитот бидејќи делува така што произведува зголемена киселина во желудникот. Исто така делува и како средство за слабеење бидејќи ги согорува маснотиите и дава подолго чувство на ситост.
За уморни мускули: По тренингот е добро да консумирате храна во која ќе додадете ѓумбир. Најдобро делува ако го испиете или изедете наутро, пред било која друга храна или пијалак.
За стабилизација на глукозата во крвта: Научниците во Австралија откриле дека ѓумбирот ја намалува високата количина на глукоза во крвта. Важно е да знаете колкаво е вашето ниво на глукоза во организмот бидејќи тоа влијае на вашата тежина и нивото на енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.