Професорот на Медицинскиот факултет д-р Никола Пановски во разговор за Канал 5 ТВ изјави дека градинките требаше да се отворат уште во почетокот на мај.
Ако веќе се отвораат, дека не гледам сега нешто дека состојбата е полоша или подобра од претходно. Ризик секогаш постои. Знам дека Кризниот штаб и Комисијата за заразни болест имаат страв од родителите. Кога одат децата во градинка, 90% од нив се заразуваат, па никому ништо, вели Пановски.
Тој смета дека масовните собири во внатрешни простории се оние што прават кластери, т.н. биолошки бомби и нагло ширење на болеста.
Училиштата требаше да се отворат многу порано, а за прво одделение и прва година средно со физичко присуство, за да се запознаат со наставниците. Сепак, ова е тотална неподготвеност и плус со тоа кога ќе ја додадете и одлуката за враќање на работа на хронично болните лица, изјави Пановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.