Уште тројца наставници и 13 ученици се во изолација поради првоодделенец со коронавирус во Кавадарци, а спроведени се и анкети и дезинфекција, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Во последните 24 часа потврдени се 12 нови случаи во Тиквешко, 10 во Кавадарци и 2 во Росоман. Тие се на возраст од 6 до 72 години. Две лица на 51 и 53 години се хоспитализирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.