Охрид е последен кој регистрира позитивни на коронавирус, откако од појавата на Ковид-19, досега заразени имаше во Ренова, Шкендија, потоа во Македонија ЃП, Работнички, како и во третолигашите Росоман, Чаклани…, поради што баражите за влез во второлигашката конуренција беа откажани, пишува спорт1.мк.
„Сакаме да Ве информираме дека тројца фудбалери од нашиот клуб се позитивни на вирусот ковид -19. Тестовите на сите чинители во клубот ги извршивме во четвртокот, а денеска ни стигнаа резултатите. Ние како клуб ги презедовме сите мерки и ги почитувавме протоколите, но невидлиот непријател бесчујно навлезе и во нашите редови. Од сега понатаму ќе ги следиме насоките од надлежните институции и ќе постапуваме согласно нивните инструкции“, објави Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.