Уште две лица од Дебар кои биле во контакт со веќе заболените се позитивни на коронавирус, информираше попладнево министерот за здравство Венко Филипче.
Сите други нивни роднини кои живеат во истата куќа се негативни. Заболените ќе останат во изолација и лекување во домашни услови. Нивната здравствена состојба го дозволува тоа, односно, да не бидат хоспитализирани“, порача првиот човек на македонското здравство.
Согласно препораките на Комисијата за заразни болести се утврдија категории на лица со хронични заболувања кои ќе бидат ослободени од работа со соодветна потврда од матичен лекар.
Ова се однесува за лица со хронични респираторни заболувања, тешки кардио-васкуларни заболувања, дијабет тип 1, малигни заболувања и имуно-компромитирачки состојби, а во текот на утрешниот ден ќе доставиме и подетална листа на дијагнози во рамки на овие групи на болести за да нема недоразбирање“, истакна Филипче.
Министерот за здравство истакна препорака до здравстените работници да не користат годишни одмори вбо овој период и да ги откажат и приватните и службени патувања бидејќи како што рече„секој здравствен работник е драгоцен“. Филипче нагласи дека секој работадавач кој нема да ја почитува одлуката за отсуство на вработен кој има дете до 10 години, ќе биде казнет според член 205 и 206 од Законот за заразни болести.
Отсуството кон работавецот работникот го регулира со потврда од градинка за да се оправда. Одлуката важи и за дневните центри за лица со попреченост и за овие деца кои с е до 26 години и тие родители ќе треба да достават потврда. Се наметна прашање за двајца родители кои се од сектори како здравство, полиција, пожарна, армија за кои не важи отсуството. И во тие случаи едниот родител ќе биде ослободен, исто како и самохарните родители кои ќе се ослободат од работа. Овие мерки важат за сите и јавни и приватни организации и фирми и секое непочитување ќе биде казнето, рече Филипче.
Тој нагласи дека од од утринава се спроведува мерката за да не се патува во ризичните региони, на граничните премини полицајците го спроведуваат прашалникот, а Црвен крст помага на Табановце и Богорица. Најави зголемување на екипите и на другите гранични цпремини.
Филипче апелира да се црпат информации од овие прес конферениции, и нагласи дека му е „жал што вчера излегоа пред време информаци“. Пред болеста сме сите исти и здравјето е наш приоритет, заради тоа треба да се внимава, затоа се работи без прекин.
Во однос на изборниот процес, повторно нагласи дека сега фокусот е на одбрана од вирусот и има ситуации кои не може да се предвидат, така што тешко е да се предвиди. Засега нема затворање на границите , а тоа не го препорачува ниту СЗО, рече Филипче.
На Инфективна клиника има 7 заболени, сите се во стабилна состојба и со лесна клиничка слика. Првата заболена пациентка е добро и во наредните денови ќе биде пуштена дома. Филипче рече дека никој од тие што имале контакт со заболената директорка на Кожна клиника досега нема симптоми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.