Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.841 тестирања, а регистрирани се 489 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 155, Битола – 52, Куманово – 47, Прилеп – 27, Струмица – 25, Охрид – 21, Тетово и Велес – по 19, Штип – 18, Кочани – 16, Кичево -15, Радовиш и Виница – по 10, Гостивар и Струга – по 7, Кавадарци – 6, Крива Паланка и Богданци – по 5, Гевгелија, Берово и Демир Хисар – по 4, Неготино и Ресен – по 3, Валандово – 2, Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонска Каменица – по 1.

Во изминатово деноноќие регистрирани се 905 оздравени пациенти од: Скопје – 375, Охрид – 92, Битола – 70, Куманово – 66, Велес – 35, Гостивар – 34, Штип – 27, Тетово – 26, Струга – 21, Струмица и Кочани – по 20, Прилеп – 19, Гевгелија и Валандово – по 16, Кичево – 12, Ресен – 8, Радовиш и Свети Николе – по 7, Берово и Делчево – по 5, Виница, Богданци, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Кавадарци и Демир Хисар – по 2, Крива Паланка, Неготино, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Од Министерството за здравство информираат дека пријавени се вкупно 33 починати лица: 15 од Скопје (47г, 52г, 56г, 63г, 68г, 68г, 70г, 77г, 78г, 84г, 84г, 84г, 84г, 85г и 91г), 5 од Прилеп (59г, 68г,75г,78г и 87г), 3 од Охрид (74г, 76г и 87г ), по 2 од Куманово (56г и 84г) и Тетово (65г и 80г), и по 1 починат е пријавен од Битола (65г), Гостивар (81г), Штип (80г), Свети Николе (67г), Кавадарци (80г) и Демир Хисар (52г). Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 149.710, бројката на оздравени пациенти е 127.139, на починати е 4.628, а бројот на активни случаи изнесува 17.943.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.