Во најголемата студија направена било за употребата на марихуана за време на бременоста, истражувачите откриле дека бремените жени кои користат марихуана можат да го зголемат ризикот од развој на аутизам кај детето, пишува српскиот портал „Б92“.

Кај жените кои користеле канабис за време на бременоста има 1,5 пати поголема веројатност да имаат дете со аутизам. Ја обесхрабруваме употребата на канабис за време на бременост – вели авторката на студијата д-р Дарин Ел-Чар, клинички истражувач од Отава, Канада.

Претходните истражувања покажале дека употребата на марихуана за време на бременоста е поврзана со малата тежина на бебето при раѓање, но и со импулсивноста, хиперактивноста, нарушувањето на вниманието на вниманието и со други проблеми кај децата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.