Учениците над 12-годишна возраст во училишниот систем на американската област Лос Анџелес ќе треба да се вакцинираат против коронавирусот пред да се вратат во клупите следната година.

Властите на училишниот округ во Лос Анџелес вчера гласаа за одлуката според која се бара вакцинација од приближно 630.000 ученици, колку што посетуваат настава во оваа област на таа возраст, пренесува АП.

Според одлуката, оние што се занимаваат со спорт и други воннаставни активности треба да бидат имунизирани до крајот на октомври, а сите останати до 19 декември, а на студентите кои немаат доказ за вакцинација нема да им биде дозволено да учат со физичко присуство по завршување на зимскиот распуст на 11 јануари, па ќе следат настава преку Интернет.

Според окружните службеници, околу 80.000 ученици се уште не се целосно вакцинирани, а втората по големина училишна област во земјата ќе биде најголемата од неколкуте што донеле таква одлука.

Училишниот систем во Њујорк, најголем во државата, утврди задолжителна вакцинација за само 20.000 студенти спортисти во одредени спортови за кои се смета дека се изложени на висок ризик од ширење на вирусот, како што е борењето.

Американскиот претседател Џо Бајден го повика американското население да ги вакцинира своите деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.