„Постојат претпоставки дека кај лицата кои ја примиле БСЖ-вакцината како што е регионот на Балканот и со Македонија каде што се дава една доза на оваа вакцина, таа дејствува како имуномодулатор и можеби дејствува на отпорност кон заболувањето ковид-19, но сепак ќе потенцирам уште еднаш дека се работи за многу рана фаза на испитување за да донесеме конкретен заклучок и да ја препорачаме како масовна мерка“, рече д-р Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.

Сè уште е во рана фаза за да биде дефинитивен доказ. Ние како стручна јавност следиме и трудови и студии и препораки на референтните институции и сè што е оправдано ќе се пренесе и кај нас, рече Микиќ на денешната прес-конференција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.