Кавадарци се приклучува кон светските практики за борба со вирусот Ковид-19. За таа цел денеска се постави тунел за дезинфекција на луѓе на градскиот зелен пазар. Имено, ова е најфрекфентното место во градот.

Тунелот испушта водена прашина во која има еколошки-био раствор кој ги неутрализира бактериите и вирусите. Идеата е да се постигне максимална заштита на луѓето кои влегуваат и излегуваат од градскиот пазар.

Општина Кавадарци го доби овој тунел како донација од општествено одговорни компании.

Електронскиот дел на тунелот е изработен од професор Димитрија Ангелоков од СОУ „Ќиро Спанџов-Брко“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.