Тројка од Мексико родена предвреме се позитивни за коронавирус, објавија локалните здравствени власти. Експертите испитуваат дали инфекцијата можела да се пренесе преку плацентата на мајката за време на бременоста.
Двете бебиња, женско и машко, се во стабилна состојба и се наоѓаат во државната болница Сан Луис Потоси, но другото машко е вклучено на респиратор.
Портпаролот на државната комисија за здравствена безбедност рече дека станува збор за прв случај во светот каде што е забележана инфекција со ковид-19 кај новородени тројки.
Невозможно е тие да се заразиле за време на породувањето, тврдат од болницата.
Досега се пријавени повеќе од 185.000 случаи на коронавирус и 22.584 смртни случаи во Мексико.
Тројките, родени предвреме на 17 јуни, биле позитивни на коронавирусот веднаш по раѓањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.