Новите тројца заболени од коронавирус во Македонија се од Скопје. Двајца од нив биле сопружници кои биле во Бугарија, а третиот заболен неколку дена имал симптоми. Неговите контакти се мапирани и сега се изработуваат тестовите на членовите на семејството на овој пациент, изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Првиот пациент е сместен на клиниката, а сопружниците се се уште дома на домашно лекување и во текот на денот ќе бидат префрлени на инфективната клиника. Вчера утрово имаше уште една пациентка која дошла од Холандија, а денеска се направени сите контакти со патниците, вели Филипче.

Тој додава дека вкупната бројка е 26, 17 се во Скопје, а 9 се во Дебар.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.