На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче даде одговор на тоа како се влошила здравствената состојба на пациентот, кој е втора жртва на коронавирус.

Во Македонија има 136 заразени од коронавирус, а двајца се починати.

Ноќеска на Клиниката за инфективни болести почина пациент заболен од корона вирус, маж на 63 години, кај кој дошло до нагло влошување на состојбата. Тој на 17 март е примен на клиниката, но синоќа во доцните часови му се влошила состојбата, направена е реанимација, но за жал пациентот почина. Нема податоци дека тој има некои коморбидет, објасни Филипче.

Тој денеска рече дека тројца пациенти се во потешка здравствена состојба.

Денеска се прават 6 контролни брисеви на пациенти коишто се веќе хиоспитализирани 3 се во потешка состојба, 1 во тешка состојба и двајца пациенти се во лесна клиничка слика. Оваа анализа ќе покаже дали се се уште заразни, без оглед на клиничката состојба, рече Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.