Тројца доктори од Клиниката за пуломолгија се заразени со корона вирусот, со што бројот на заболени во оваа клиника достигна 7, потврди за „Телма“ директорот на пулмологија Дејан Докиќ.

Тој потенцираше дека ниту еден од здравствените работници не се заразил од пациент туку дека првозаразената која е медицинска сестра во Клиниката го донела вирусот од местото на живеење, Куманово. Минатата недела позитивни на корона испаднале уште тројца медицински работници кои се заразиле од неа, а денеска се потврдени на Ковид 19 се уште тројца доктори.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.