Шансите дека лицата кои носат очила ќе се заразата со коронавирусот се трипати помали отколку кај оние кои не ги носат, од едноставната причина што поретко ги тријат очите, покажало помало индиско истражување спроведено на 304 лица на возраст меѓу 10 и 80 години кои пријавиле симптоми на Covid-19.
Над 19 отсто од испитаниците од истражувањето за кое известува The Sunday Telegraph, одговорил дека очилата ги носеле поголемиот дел од времето најмалку осум часа дневно.
Студијата покажала дека ризикот од зараза со Covid-19 бил околу два до трипати помал меѓу популацијата којашто носи очила, во однос на оние кои не ги носат.
Поединци свикнале да го допираат лице просечно 23 пати во еден час, а очите просечно трипати во час, покажуваат резултатите од индиското истражување. Научниците кои го спровеле дека долготрајната навика на носење очила може да се спречи повторувањето на допирањето и триењето на очите, а со самото тоа и потенцијалниот пренос на вирусот.
Минатата година кинеските стручњаци утврдија дека меѓу пациентот со Covid-19 во општата популација имало пет пати помалку лица со диоптриски очила.
Групата научници од универзитетската болница во Нанчанг појасни дека веруваат оти тоа е така затоа што ACE-2 рецепторите, на коишто вирусот се „закачува“ за да навлезе во организмот и да гио зарази човечките клетки, се наоѓаат во областа на очното јаболко. Авторите на студијата очите ги сметаат за важен канал кој овозможува продор на SARS-CoV-2 во организмот.
Забележавме дека пациентите со Covid-19 кои во текот на подолго време секојдневно носеле диоптриски очила биле релативно ретки, што би можело да биде прелиминарен доказ дека таквите лица се помалку подложни на зараза за овој вирус, пишуваат авторите на студијата.
Истакнуваат дека очилата кај лицата коишто секојдневно ги носат во разните општествени случувања би можело да станат заштитен фактор кој во нивниот случај ќе ја намалат опасноста од пренесувањето на вирусот преку очите и, во крајна линија, можеби да ги поштеди од зараза со коронавирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.