Татко, мајка и нивната ќерка на 36 години починале поради компликации од Ковид-19 во домашни услови во Тетово минатата недела, а карактеристично е што тројцата имале хронични болести и се наоѓале во тешка состојба, информираат од тетовската клиничка болница.
Тие не биле на преглед во ковид-центарот и починале дома. Според лекарите, генетскиот фактор и хронични болести се факторите за ковид смртни случаи во цели семејства како тетовското.
Имаме информација од минатата недела дека во домашни услови има тројца починати од едно семејство, од кои најмладата е 36-годишна жена со коморбидитети, била со обезитас, гинеколошки проблеми. Нејзините родители биле во тешки форми на болести како канцер во терминална фаза кај таткото и кардиолошка болест кај мајката. Значи генетскиот фактор и коморбидитетите се главниот проблем за смртни случаи при зараза со Ковид-19“, изјави д-р Миранда Пајазити од тетовската клиничка болница.
Од болницата велат дека немаат информации како се заразиле членовите на семејството.
Изминатите 24 часа во тетовската болница имало два смртни случаи кај хоспитализираните пациенти, на 40 и 60 – годишна возраст.
Сега во ковид – центарот има 108 хоспитализирани од кои 106 на кислородна поддршка и двајца на неинванзивен респиратор. Новопримени се 14 лица, а испишани од болничко лекување се десет луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.