Во Тетово има три нови кластери со заболени од ковид-19 и тоа само поради непочитувањето на мерките и собирањето во групи.

Денеска имаме 10 нови случаи во Тетово и околината. Од нив се повеќето луѓе што биле во контакт со заразено лице, но има и нови кластери, што е најголемиот ризик јавувањето нови кластери, со тоа бројката ќе се зголемува. Имаме три нови кластери, а вкупната бројка беше околу 25 кластери. Општините Тетово и Боговиње со селата ги имаат најголемиот број од случаите, рече Скендери.

Граѓаните не треба да се релаксираат и да се придржуваат до мерките бидејќи вирусот е сè уште тука.

Ситуацијата во Тетово и околината епидемиолошки не е добра поради тоа што граѓаните, за жал, не ги почитуваат мерките што се дадени од Министерство за здравство и Институт за јавно здравје. Во периодот што следува нашиот апел ќе продолжи да биде каков што бил порано, да нема собирање во групи, да нема одење во фамилијарни посети и задолжително носење маски и социјална дистанца меѓу луѓето. Исто така, да не се собираат, како што гледаме во градот, голем број луѓе пред банки, пошти, рече Скендери.

Според податоците на Министерството за здравство, во Тетовскиот Регион досега се бележат 161 заболен од кои активни 73, како и вкупно 15 смртни случаи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.