Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, директорот на Клиниката за хируршки болести, д-р Љубен Арсенков, и економскиот директор на Клиниката за хируршки болести, Нермин Шакири, во „Куќата на фудбалот“ го потпишаа договорот за отстапување на три целосно опремени амбулантни возила марка Citroen Jumper кои ги набавува ФФМ за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.
Ова време сите нѐ потсетува колку се важни животот и здравјето на луѓето. Наша должност како социјално одговорна институција е да помогнеме со надеж дека ќе придонесеме во ублажување на последиците од оваа состојба. Во ова време, ФФМ, но и сите останати институции мора да покажат одговорност, единство и солидарност. Фудбалот е моќна сила во секое општество и едноставно мораме да го покажеме своето најдобро лице, лице на солидарност и толеранција. Нашата општествена одговорност досега многупати била потврдена и ги повикуваме сите останати институции и компании секоја во рамките на своите можности да помогнат онаму каде што сметаат дека има потреба. Исто така, повикуваме во секој момент да се следат препораките поддржувајќи ги здравствените институции во борбата против Коронавирусот. Бидете силни, заедно ќе победиме и на овој натпревар, истакна претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.