Кинеската агенција за лекови официјално, на својата интернет страница, објави дека по третата доза од вакцината на „Синофарм“, на лицата до 65 години нивото на антитела им се зголемува за четири пати, додека кај лица над 65 години има двојно зголемување.
Оваа информација е официјално поставена на веб-страницата на , а денеска тоа во Србија го соопшти .
Осврнувајќи се на ваквата информација, директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурување на Србија, Сања Радојевиќ Скодриќ, за утринската ТВ програма зборуваше за тестирање на антитела, но и мешањето на вакцини.
Нивото на антитела не е единствениот критериум. Да бидеме логични, колку повеќе време поминува од вакцината, нормално е нивото на антитела да се намали, затоа треба да ја примите третата доза дополнително. Нивото на антитела е помало кај постарите лица, па оттука одговорот е помал. Истото важи и за луѓето со хронични заболувања – вели таа.
Во однос на мешањето на вакцините, Радојевиќ Скодриќ вели дека официјалната препорака на СЗО е да не се мешаат вакцините, но, додава дека заштитата ќе остане и ништо нема да се случи дури и ако вакцините се измешани. Таа вели дека е најважно да се добие трета доза.
Третата доза се дава без оглед на нивото на антитела – вели Радојевиќ Скодриќ.
Таа дава за пример една студија.
Направена е студија на 10 милиони луѓе во Чиле, која покажа дека 65,6 проценти од вакцинираните нема да добијат никакви симптоми, 87,5 проценти ќе бидат заштитени од хоспитализација, а 86,4 проценти ќе бидат заштитени од смрт – вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.