Требаше да ја убијат, не само да ја тепаат. Ова е еден од бројните коментари на социјалните мрежи по вчерашниот инцидент во ГОБ „8-ми Септември“ во Скопје, каде поради почината пациентка беше нападната докторка, а шестмина беа приведени.

Од Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти реагираат со зборовите: Ова е нашиот пораз.

Ова е чин на крајно непочитување на сите здравствени работници кои повеќе од 4 месеци деноноќно се борат за секој човечки живот, реагираше синоќа и министеот за здравство Венко Филипче.

Ова е дискредитација на нивната работа, нивниот труд и жртва, ризикот на кој се изложени и одрекувањата.

Овие луѓе со месеци ги немаат видено своите семејства, ги немаат прегрнато своите најблиски, немаат ден одмор и оддишка од напорната работа. Најостро го осудувам овој инцидент.

Колегите кои се борат со преку 100 пациенти сместени во болницата заслужуваат само поддршка и разбирање, а не закани. Цврсто сум уверен дека тие постапиле професионално и согласно протоколите и ги повикувам надлежните да го истражат случајот и да постапат соодветно, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.