Институтот за трансфузиона медицина ја демантира изјавата на д-р Лилија Чолакова-Дервишева, претседател на Здружение на матични лекари, дадена на вести на Телевизија 24, во која вели дека на пациентката морало да и даде Итен упат бидејки редовен термин за трансфузија имало дури во октомври.
Одделот за Специјалистичко-консултативна здравствена дејност при Институт за Трансфузиона медицина – Скопје (Амбуланти) работеше цело време за време на вонредната состојба со една Амбуланта за итни случаи, а сите закажани термини по Мој термин беа откажани од нашите администратори со јавување со мобилен телефон. Од Јуни 01, 2020 година работиме со 2 Амбуланти и сите предходно откажани пациенти се презакажаа и веќе од средината на Јули работиме со ново закажани пациенти со термини по Мојтермин. Со Итни упати работиме секој ден, иако има слободни термини по Мој термин и речиси сите НЕ се со итна-животозагрозувачка состојба. Исто така, цело време работи и Лабораторија за анализи – Скопје 1 и Скопје 2, каде сите лекари, и матични и специјалисти, може да закажат термин за оние анализи кои им се потребни и тоа од денес за денес. Термини за кај лекар во Одделот за Специјалистичко-консултативна дејност при Институт за Трансфузиона медицина – Скопје (Амбуланта) има за една недела, а за Лабораторија за анализи има за истиот ден. Сето погоре кажано важи и за сите Амбуланти, како и Лабораторија за анализи во секој град каде имаме трансфузиолошка служба. Сето погоре кажано лесно може да се провери во Мој термин, посочуваат од Институтот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.