Повеќе сега ќе значи поддршката до семејството на Верица, отколку да ставаме профилни на фејсбук. Во тагата никој не може да им помогне, но да им се олесни животот може. Колку што слушам се преселиле од Берово во Струмица за да најдат работа, а живеат под кирија. Таткото не нашол работа, мајката работи во маркет, а другата ќерка во кладилница. Им треба да почувствуваат дека и оваа држава се грижи за нив. Им треба сериозна работа! Не само заради нивната неверојатна хуманост, туку и заради свеста која ја разбудија кај јавноста. Ниту една кампања не може да го постигне тоа! Во оваа држава не е проблем да се изврши трансплантација, проблем е што нема органи. Затоа повеќе од “длабок наклон”и профилни на фејсбук, потребна им е оваа поддршка од државата!, порача преку Фејсбук, новинарката Менче Точи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.