Министерот за здравство Венко Филипче пред дваесетина дена објави телефонски броеви на кои граѓаните треба да се јават доколку имаат симптоми на корона вирусот.

Потсетуваме дека за контакт по пристигнување во територијата на Република Македонија и при сомнителни симптоми налик корона вирусот патниците да се пријават на броевите за контакт кои се поделени во региони.

Во земјава досега се регистрирани седум случаи на заболени од корона вирус, откако вчера присуството на Ковид-19 беше регистрирано кај директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Билјановска, а подоцна Министерството за здравство информира дека од осумте тестирани пациенти вчера попладне, тројцата членови на семејството на сопружниците од дебарско се позитивни.

Во меѓувреме, поради брзото ширење на коронавирусот од вчера цела Италија е таканаречено „заштитено подрачје” и движењето на луѓето е строго ограничено. Во Италија моментално има 7.985 заразени лица, а 462 лица починаа поради коронавирусот. Само вчера се потврдени 1.592 новозаболени од Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.