Пациентите што примаат хемотерапија и имунотерапија да се јават на редовниот закажан термин, за да ја примат на време соодветната пропишана терапија. Препорачливо е таблетарната терапија да ја подигне еден од членовите на семејството на пациентот, а сите пациенти за редовен контролен преглед се одложуваат, велат од Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје.

Од Клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје ги следат препораките на Министерството за здравство, за да се спречи ланецот на преносливост на вирусот а воедно и да се заштитат пациентите со малигни заболувања.

Доколку имате дополнителни прашања може да се јавите на бројот на клиниката: 02-314-7900. Дежурните служби на онкологија продолжуваат да функционираат како и до сега, дополнуваат од Клиниката.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.