Светската здравствена организација денеска во Берлин ќе отвори центар за рано предупредување за пандемија, со цел борба против идни евентуални пандемии.

Новиот глобален центар на СЗО за пандемиски и епидемиски податоци (Hub for Pandemic and Epidemic Intelligence) „ќе ги собере партнерите од целиот свет за да соработуваат и ќе создадат податоци и алатки кои им се потребни на сите земји за да се подготват, откријат и да одговорат на пандемиски и епидемиски ризици, нагласи СЗО.

Центарот ќе го отворат првиот човек на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус и германската канцеларка Ангела Меркел.

Здравствените експерти веруваат дека по Ковид-19, појавата на нова пандемија е само прашање на време и затоа предупредувачките знаци мора систематски да се следат со цел ран и силен одговор.

Кога беше донесена одлуката за основање на центарот во мај, Меркел рече дека „податоците се важна основа за борба против идните пандемии“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.