Многу земји кои биле успешни во борба против коронавирусот, бележат пораст во бројот на заболени поради организираните настани, како верските собири, изјавил епидемиологот на СЗО, Марија ван Керков.

Вак Керкова на онлајн состанокот рекла дека вирусот ќе ја искористи секоја прилика за да зајакне, пренесува „Ројтерс“.

Навистина е важно државите да бидат во можност брзо да ги откријат тие случаи, рекла таа на онлајн состанокот.

Извршниот директор на СЗО за вонредни програми, Мајк Рајан, проценил дека изгледа се појавиле нови жаришта во Јужна Кореја, а причина за тоа се ноќните клубови, прифатилиштата и забавните паркови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.