Светската здравствена организација предвидува ширење на индиската мутација на коронавирусот низ Европа, изјави шефот на регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
СЗО нагласува дека моментно оваа варијанта на вирусот предизвикува најсериозна загриженост, затоа што индиската мутација е поопасна, позаразна и може да зарази дури и луѓе со јак имунитет.
Клуге упати совет до Европејците да не ги занемаруваат здравствените мерки. Тој изрази надеж дека искуството во борбата против Ковид-19 ќе помогне да се избегнат голем број грешки направени на почетокот на пандемијата, што ќе овозможи да се спасат човечки животи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.