Во истражувањето на тимот научници од Оксфорд на околу 2.000 пациенти во болница им бил даден дексаметазон и нивните резултати биле споредени со околу 4.000 пациенти кои не го примале лекот. Пациентите на респиратори имале намален ризик од смрт од 40 на 28 проценти, додека пациентите на кислород имаат намален ризик од смрт од 25 на 20 проценти.

Лекарите, исто така, ја истакнуваат и  неговата цена, бидејќи третманот со овој лек за 10 дена чини околу пет фунти по пациент, или 35 за да се спаси живот, а притоа тој е достапен ширум светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.