Нема докази дека коронавирусот се сменил, ниту кога станува збор за формата на пренесување, ниту кога е во прашање сериозноста на болеста што ја предизвикува, предупреди денеска епидемиолог на Светската здравствена организација Марија Ван Кирков.

Во однос на пренесувањето, нема промена, во смисла на тежина на болеста, нема промена, рече Кирков на прес-конференција. Таа истакна дека е важно мерките за намалување и сузбивање на трансмисијата на вирусот да останат во сила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.