Светската здравствена организација ја запре постапката за одобрување на руската вакцина против Ковид-19 – Спутник В.
Причината е новата инспекција на погоните на производителот. Производителите на вакцини мора да потврдат дека местата каде што се произведуваат вакцини се во согласност со стандардите за добра производствена пракса … Што се однесува до процесот на одобрување на вакцината „Спутник В“ за итна употреба, овој процес е запрен, бидејќи при инспекција на една од фабриките што се дел од производството на „Спутник В“, се пронајдени лоши производни практики – изјави д -р Џарбас Барбоса, заменик – шеф на Панамериканската здравствена организација (ПАХО).
„Добра производствена практика“ е систем кој гарантира производство и контрола на производи во согласност со стандардите за квалитет.
„Спутник В“ е одобрен за употреба во 70 земји со вкупно население од 4 милијарди луѓе, што е повеќе од 50% од светското население. Ефективноста на вакцината е 97,6%, а податоците се базирани на набудувања на 3,8 милиони вакцинирани Руси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.