СЗО ја предупреди Европа за втор бран на коронавирусот. Според СЗО, европските земји би требало да се подготват за вториот смртоносен бран на инфекцијата коронавирус.

Сега е време за подготовки, а не за славење“, изјавил денеска директорот на СЗО, Ханс Клуге, за британскиот магазин „Телеграф“.

Реагирал на ублажувањето на мерките против пандемијата во неколку земји.Регионалниот директор на СЗО изразил посебна загриженост поради можноста за ‘двоен бран на инфекцијата’.

Во тој случај, би можеле да имаме втор бран на Ковид-19 и сезонски грип или сипаници. Многу деца не се вакцинирани против сипаници“, предупредил Клуге и додал дека ‘европските земји треба да го искористат времето за зајакнување на нивниот здравствен систем’, во што го вклучува и проширувањето на болничкиот капацитет.

Бројот на случаи заразени од коронавирус се намалил во Велика Британија, Франција и Италија, но, според Клуге, тоа не значи дека пандемијатасе приближува кон крајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.