Светската здравствена организација (СЗО) го издаде првото одобрение за итни случаи од почетокот на пандемијата на Ковид-19 за вакцините на „Фајзер“ и „БионТек“
Ова е исклучително позитивен чекор во гарантирање на универзален пристап до вакцините Ковид-19 – изјави директорката задолжен за пристап до лекови при СЗО, Маријангела Симао.
Оваа постапка, која СЗО може да ја користи во итни случаи, им овозможува на земјите кои немаат средства за брзо утврдување и проверка на ефикасноста и безбедноста на лекот, да имаат побрз пристап до терапијата.
Во исто време, одобрението дозволува УНИЦЕФ, агенцијата на ООН задолжена за важен дел од логистиката за дистрибуција на вакцини против Ковид-19 низ целиот свет и Панамериканската здравствена организација да купуваат вакцини што ќе бидат дистрибуирани до сиромашните земји, се вели во соопштението за печатот.
Вакцините на „Фајзер“ и „БиоНТек“ веќе неколку недели се употребуваат во Велика Британија, но и во земјите на ЕУ, САД и Швајцарија.
Досега неколку милиони луѓе се вакцинирани со оваа вакцина. Се проценува дека нејзината ефикасност е висока, дури 95 проценти, но отежнувачка околност е складирање на температура од минус 70 степени Целзиусови, што го отежнува складирањето и дистрибуцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.