Светската здравствена организација донираше заштитна опрема за Инфективната клиника во Скопје, информираат од Министерството за здравство.
Благодарност до Светската здравствена организација (СЗО) која во рамките на солидарити фондот, донираше лична заштитна опрема за здравствените работници на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Пратката содржи 293 700 парчиња опрема за лична заштита, односно 65 000 медицински маски, 122 000 N95 респиратори, 5 200 очила, 1 0500 заштитни наметки и 91 000 ракавици“, велат од министерството за здравство.
Вредноста на донацијата изнесува 305 000 американски долари.
Проверени се сите предмети од испорачаната опрема за да се обезбеди исполнување на стандардите за квалитет и безбедност за здравствените работници во првите редови со ковид-19, додаваат од Министерството.
Благодарност до Светската здравствена организација (СЗО) која во рамките на солидарити фондот, донираше лична заштитна…
Posted by Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë on Friday, 24 July 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.