Светската здравствена организација (СЗО) повика да се зголеми производството на „Дексаметазон“, откако британските научници објавија дека тој стероид значително ја намалува смртноста кај пациенти со тежок облик на Ковид-19.

Се соочуваме со нови предизвици: зголемување на производството и брза и правична дистрибуција на „Дексаметазон“ ширум светот, фокусирајќи се онаму каде е најпотребно. За среќа, тоа е ефтин лек произведен од многу фабрики ширум светот што, сигурни сме дека може да го забрзаат производството“, нагласи генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Првите резултати од британското клиничко испитување „Recovery“ објавено минатата недела покажуваат дека „Дексаметазон“ ја намалува смртноста за третина кај пациенти со најтешка форма на болеста.

Дексаметазон треба да се користи само кај пациенти во тешка и критична состојба со Ковид-19 и под строг клинички надзор. Нема докази дека тој лек е ефикасен кај пациенти со лесна форма на болеста и при превенција, дури и може да биде штетен, предупреди тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.